Експерти за систем интеграција и дистрибуција
Квалитетни решенија и интеграции кои додаваат вредност на нашите клиенти

Емсисофт - одбрана од малициозен софтвер
Интегрирано и високо наградувано решение против вируси, малициозен софтвер вклучувајќи рансомвер, тројанци, бекдор пристап, ботови, потенцијално непосакувани програми, снимачи на тастатура, неавторизирано рударење на криптовалути и други опасни однесувања врз база на двоен систем за борба против напади – класичен антималвер со база на опасни програми која се апдејтува секој час и блокирање според ризично однесување на некаталогизирани програми.
М-фајлс: управување со документи
Пронајди и пристапи до содржината на основа на тоа што претставува таа, не каде е снимена. Поненкогаш пронаоѓањето на правилниот документ кога најмногу Ви треба изгледа невозможно. Каде беше снимена датотеката? Кој последен ја уредуваше? А што ако тоа не е важно? М-фајлс организира се базирано на информации за тоа што е самата содржина за да не мора да памтите каде точно е снимена и дали верзијата што сте ја пронашле е вистинската.
Неограничени можности со Либелиум
Интегрирано решение за изградба на Internet of Things решенија.

Cisco Meraki
Научете повеќе за паметните мрежни решенијаКонтактирајте нѐ
Јавете се или пишете, ќе Ве контактираме во најкраток можен рок. Освен понуденото портфолио имаме богата мрежа на партнери со чија помош можеме да Ви понудиме комплетно интегрирано решение за Вашата компанија или институција која вклучува софтвер, хардвер, телеметрија, автоматизација и интеграција.