ЕКОМОНИТОР
СЛЕДЕТЕ ГО КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ ВО ЖИВО!
Што е ЕКОМОНИТОР?
Основната цел на проектот ЕКОМОНИТОР да се овозможи граѓаните и институциите да имаат целосен и точен преглед на загадувањето на воздухот и други параметри кои влијаат на животната средина и квалитетот на живеење.
Ова ќе се постигне со мрежа од професионални уреди за мерење на параметрите и нивно собирање и обработка во единствен централен систем.
Проектот ќе овозможи колективно собирање (аквизиција) на податоци за квалитетот на воздухот, температурата, ветерот и други метеоролошки податоци во урбаните средини во Македонија.
Податоците, после соодветна статистичка обработка, ќе се презентираат на веб-сајт, мобилни апликации, а ќе бидат достапни и преку API (апликациски интерфејс) за користење во други апликации.
Бројот на уреди ќе биде голем, за да може да се има подобра гранулација на резултатите.
Проектот, освен на домашен терен, има и голем регионален потенцијал.
Повеќе информации побарајте на https://ekomonitor.mk
(конечниот изглед може да варира во зависност од користените сензори и околината во која се вградени)
Параметри кои ги мериме
- Азот диоксид сензор(NO2)
- Јагерод моноксид сензор (CO)
- Сулфур диоксид сензор (SO2)
- Температура, атмосферски притисок и сензори за влажност
- Сензор за честички – PM2.5 и PM10
- Брзина и правец на ветер (само во некои уреди)
- Сензори за пожар (само во некои уреди)
Сензорот за азот диоксид, јаглерод моноксид, температура, атмосферски притисок и влажност, како и сензорот за PM честичките, се стандардни сензори кои ќе бидат вградени во секој уред. Дополнителните честички како сензорот за брзина и правец на ветер и сензорот за пожар се дополнителни сензори кои ќе бидат вградени само во некои одредени уреди.
Детекција на пожар
Овие типови на сензори се специјални сензори има различни методи како може да се инкорпорираат. На пример, зависи од типот на имплементацијата, повеќе од еден тип на сензор може да се користи.
Ова вклучува FLIR (Forward Looking InfraRed), тергмографска и CCD камерна детекција (оценува развој на температурата, како и појава на облаци од чад), сензори за чад (откривање на специфични гасови кои се создаваат од пожар), IR сензори (откривање на специфични бранови должини кои се поврзани со горење), УВ сензори (слично на принципот на работа на IR сензорите – понекогаш се користи во комбинација со IR сензорите).
Овој специфичен аспект на Економитор е многу комплексен и дополнителни информации (како што се географско позиционирање, одржливост на електрична енергија итн.) се потребни за да се обезбеди функционално решение. Затоа, секоја имплементација се третира како засебно сценарио.