Емсисофт скенер од командна линија
Едноставни експертски алатки за проверка на системи за малициозни инфекции
Верзија 2018.6.0.8734 — Издадена: 07/02/2018
За Windows 7/8.1/10, 32 & 64 bit, Server 2008 R2/2012/2012 R2/2016
Враќање кон корените
Emsisoft Скенер од командна линија е апликација за конзоли за професионалци кои немаат потреба од графички кориснички интерфејс. Скенерот е вклучен во следните производи:
Како работи
За систем администратори, експерти за безбедност и искусни корисници на командната линија. Проверете го вашиот систем за инфекција со малициозен софтвер со Emsisoft Скенер од командна линија.
Започнете
Отворете го прозорецот за Windows како администратор (Start – Run – cmd.exe) и отворете ја папката што содржи a2cmd.exe.
Пример со инсталиран Емсисофт – решение против малициозен софтвер
cd "%ProgramFiles%\Emsisoft Anti-Malware\"
Стартувајте го скенерот на командната линија Emsisoft на следниов начин:
a2cmd.exe /S
Алтернативна опција со Емсисофт – Професионален кит за прва помош:
- Преземете го и отпакувајте го Емсисофт – Професионален кит за прва помош
- Стертувајте го скенерот од командната линија Emsisoft со извршување на кратенката “Start Commandline Scanner” во папката во која сте го отпакувале (extract folder).
Наведен е преглед на сите достапни стартни параметри.
Типови на скенирања
(можат да се комбинираат)
/f=[path], /files=[path]Скенира наведени дискови, папки или датотеки за малициозни инфекции. Патеките на папките мора да бидат затворени во наводници. Повеќе патишта треба да бидат ограничени со запирки.
Пример:
a2cmd /f="c:\windows\","c:\program files\"
/quickКоманда за извршување на брза проверка на системот. Ги скенира сите активни програми и траги од малициозен софтвер (регистар, датотеки).
/malwareГи скенира сите места што обично ги напаѓа малициозниот софтвер. Скенирањето на малициозниот софтвер е најдобриот избор за повеќето корисници. Брзо и темелно го испитува целиот компјутер за сите активни малициозни инфекции.
/rkСкенира активни руткитови.
/m, /memoryГи скенира сите активни програми.
/t, /tracesГи скенира регистарот и структурата на датотеки/папки на дискот за траги од малициозен софтвер.
/fh=[handle], /pid=[PID]Скенирање на податоци преку handle. PID e дентификација на процесот кој е поврзан со тој handle.
/b=[pointer] /bs=[size] /pid=[PID]Скенирајте го баферот во меморијата. Потребна е големината на баферот и идентификатор на процесот кој го чува баферот.
Поставки за скенирање
(за прецизно прилагодување на типовите на скенирање)
/pupИсто така детектира потенцијално несакани програми (програми кои не се конкретно злонамерни, но често се инсталираат без согласност на корисникот)
/a, /archiveСкенира и во рамките на архивските датотеки како што се ZIP, RAR, CAB и архиви кои се отпакуваат сами.
/n, /ntfsСкенира и во скриени податочни текови во NTFS дискови.
/ac, /advancedcachingГо користи напредното кеширање за да избегне непотребно повторно скенирање.
/l=[path], /log=[path]Зачувува лог на скенирање на наведената датотека. Логот е зачуван во Уникод (Unicode) формат.
Пример:a2cmd /malware /log="c:\scans\scan.log"
/la=[path], /logansi=[path]Исто како и параметарот /l bzw /log, но логот е зачуван во ANSI формат.
/x=[list], /ext=[list] Скенира само датотеки со наведените екстензии. Пример:a2cmd /f="c:\windows\" /x="exe, com, scr, bat"
/xe=[list], /extexclude=[list]Ги скенира сите датотеки, освен оние со наведените екстензии.
Пример:a2cmd /malware /xe="avi, bmp, mp3"
/wl=[path], /whitelist=[path]Ја користи специфицираната whitelist за исклучување на одредени датотеки, папки или типови на малициозни имиња од скенирањето. Датотеките мора да бидат текстуални каде што секоја линија е еден од елементите што треба да се исклучат.
Пример:a2cmd /f="c:\" /wl="c:\whitelist.txt"
/d, /deleteГи брише сите откриени предмети од малициозен софтвер одеднаш за време на скенирањето. Исто така, брише референци на откриената датотека, на пр. автоматски записи во регистарот.
/dq, /deletequickГи брише сите откриени инстанци на малициозен софтвер за време на скенирањето. Само откриената датотека е избришана. Побрзо од /d или /delete .
/q=[folder], /quarantine=[folder]Веднаш го става откриениот малициозен софтвер во карантин за време на скенирањето. Карантинската папка може да биде конфигурирана. Откриените објекти се зачувани и шифрирани таму и не можат да предизвикаат понатамошни оштетувања.
/s, /serviceДефинира дали сервисот против малициозен софтвер треба да се користи за скенирање.
Контекст: Кога се вклучуваат многу кратки скенирања, вчитувањето на енџинот за скенирање одново при секој почеток на a2cmd е неефикасно. Користењето на параметри /s или /service го вчитува сервисот против малициозен софтвер да го вчита енџинот еднаш и да го држи вклучен за подоцнежни скенирања. Ако сервисот се уште не е стартуван или инсталиран, тој се инсталира и се стартува кога командата се извршува за прв пат. Оваа команда не е достапна во Емсисофт – Професионален кит за прва помош, бидејќи компонентата на сервисот не е вклучена.
Справување со малициозен софтвер
(да се користи самостојно)
/ql, /quarantinelistГи наведува сите објекти кои се под карантин. Редниот број на почетокот на секоја линија може да се користи за бришење или обновување (zero based index).
/qr=[n], /quarantinerestore=[n]Прави враќање на објект кој бил држен под карантин со наведениот индексен број. Ако не е одреден број, сите објекти се враќаат.
Пример:a2cmd /qr=0
/qd=[n], /quarantinedelete=[n]Брише објект од карантин со наведени број на индексот.
Онлајн ажурирања
(да се користи самостојно)
/u, /updateМора да се користи самостојно. Врши онлајн ажурирање на сите програмски компоненти и потписи. Ако a2cmd се користи како дел од Емсисофт – решение против малициозен софтвер, оваа команда иницира ажурирање на целиот пакет Емсисофт – решение против малициозен софтвер.
/uf=[feed], /updatefeed=[feed]Ажурирај од наведениот извор за ажурирање
Применливо само за самостоен пакет a2cmd
/proxy=[proxyname:port]Поставува хост и број на порта на прокси за да се користат за поврзување со серверот за ажурирање.
/proxyuser=[username]поставува корисничко име за прокси, ако проксито бара автентикација.
/proxypassword=[password]Поставува лозинка за прокси ако проксито бара идентификација.
Општи команди
(да се користи самостојно)
/k=[key], /key=[key]Внесете го клучот за лиценцата (потребно е само еднаш)
/?, /helpПокажува преглед на сите достапни параметри.
Легенда на резултати
- 0 – Не се пронајдени инфекции
- 1 – Инфекции беа пронајдени
Ќе работи ли на мојот компјутер?
Да – претпоставувајќи дека користите Windows 7, 8, 10 или Windows Server (2008 R2, 2012, 2016) – со инсталиран најнов сервисен пак. Сите функции се целосно функционални и на x64 како и x86 системите.
Забележете дека лиценците на серверот се потребни за да се извршат на серверски оперативни системи.
Лиценци
За комерцијална употреба Ве молиме купете лиценца.
Контакт: Линк