Емсисофт решение против малициозен софтвер – рансомвер за сервери

Целосна фунционална заштита за Вашиот сервер

Преземете сега

Купете сега

32 bit MSI

64 bit MSI

Комбинирано.EXE

Заборавете на вирусите – денешните закани доаѓаат во нови форми и се нарекуваат малициозен софтвер

Затоа ние мислиме дека „малициозен софтвер“ е посоодветен термин, дури и ако е ист со она што е честопати познато како „вирус”.

Рансомвер

Закана на годината уште од 2012. Напаѓачите влегуваат во Вашиот компјутер преку софтвер кој не е навремено ажуриран (надграден) и ги шифрираат сите Ваши датотеки. Можете ли да си дозволите на пример да платите откуп од 600 долари за да ги вратите Вашите податоци?

Ботови / бекдор пристап

Тие го претвораат Вашиот компјутер во далечински контролиран зомби. Вашата компјутерска моќ колективно се продава на црниот пазар за праќа спем е-пошта, да нападне компјутери или мрежи што претставува кривично дело, на Вашиот компјутер да  складираат нелегални содржини или да се користи Вашата процесорска моќ за рударење криптовалути кои одат во сопственост на напаѓачот

Банкарски тројанци

Хакерите користат фишинг (phishing) техники и снимачи на тастатура (keyloggers) за да ги добијат највредните лозинки и невидливо да ги празнат Вашите банкарски или PayPal-сметки за неколку секунди.

ПНП

Потенцијално несакани програми – ПНП (PUPs) кои преку бескорисни алатници за прелистувачи, софтвер со реклами (adware) и останат софтверски отпад кои придонесуваат на успорување на Вашиот компјутер.

Го одржува вашиот сервер безбеден: Емсисофт решение против малициозен софтвер

Лекот вреди пет пари ама треба да го најдеш

2 во 1: двоен скенер со високи перформанси – Емсисофт

Како скенира побрзо со два скенери отколку повеќето други со само еден?

Емсисофт решението против малициозен софтвер ја користи на целокупната моќ на две главни технологии за антивирус и анти-малициозен софтвер, не само што открива повеќе, туку исто така врши скенирање побрзо поради ефикасната комбинација на скенери.

Се избегнуваат било какви непотребни дупликати при откривање, што овозможува најмало влијание врз меморијата и целокупните хардверски ресурси.

Погледнете детали за технологијата

Погледнете ги деталите за технологијата

Го спречува рансомверот. Пред да ги шифрира Вашите податоци

Заштитата на Емсисофт анти-рансомвер е прилагодена да ги детектира насоките на однесуванње на нападите на рансомверот со цел да ги спречи пред Вашите податоци да бидат шифрирани (анкриптирани). Останатите анти-рансомвер решенија се засноваат на детекција на повторувачка енкрипција така што многу лесно може да се случи Вашите најдрагоцени податоци веќе да бидат изгубени додека се открие енкрипцијата.

Без заштита од рансомвер

Заштитено со Емсисофт анти-рансомвер

Го уништува досадниот софтвер со реклами (Adware) – еден по еден

Во онлајн заштитата, „ПНП“ претставува „потенцијално несакана програма“. Овие нешта се појавуваат како непотребни алатници за прелистувачи, софтвер со реклами (adware) и друг досаден и непотребен софтвер кој обично се инсталира со бесплатни преземања.

Повеќе за ПНП

Без Емсисофт решение против малициозен софтвер

После чистењето со Решението против малициозен софтвер на Емсисофт

Водечки во конкуренцијата со континуирано освојување награди

Број на компромитирани системи во сите тестови за заштита во Светот (6363 тест случаи) спроведени од AV-Comparatives (2014).

Погледнете ги сите награди

Чисто и едноставно

Што може за Вас да направи Емсисофт решението против малициозен софтвер за сервери?

Да спречи инфекции

Чуварот на датотеки (file guard) ги скенира сите датотеки што се вчитани или се извршуваат на Вашиот сервер. Тој користи повеќе од 10 милиони потписи од познати закани и е награден многу пати од страна на големите организации за тестирање антивируси .

Скенирање и чистење на инфекциите

Двојниот скенер ги наоѓа и ги отстранува сите видови на малициозни програми. Тоа е целосен антивирусен пакет + специјализирани модули за чистење на малициозни програми, особено за специјално изработени претходно незабележани варијанти.

Пронаоѓа прилагодени руткитови

Режимот за директен пристап до дискот открива руткитови што напаѓачите ги кријат во секторите бутирање на системот за да им обезбедат незабележан пристап.

Го следи споделувањето на податоци

податочните сервери кои се изложени на висок ризик се следат внимателно во реално време.

Се интегрира со маил серверите

Скенерот на командната линија на Emsisoft е познат како еден од најсофистицираните и најфлексибилните интерфејси на командната линија, обезбедувајќи врвни перформанси со чести скенови.

Управување со корисничките привилегии

Ограничете пристап до поставките за заштита за корисници кои не се администратори со напредниот систем за дозволи поврзани со Active Directory. Може да се постави глобална администраторска лозинка.

Спречете индустриско шпионирање со блокатор на однесување

Прилагодени кориснички тројанци, дизајнирани за индивидуални напади, често се користат за пробивање на бизниси. Обично не се откриваат од класичен антивирусен софтвер. Технологијата за блокирање на Емсисофт е ефикасна мерка против таквите закани.

Ги блокира нападите на рансомвер

Во последниве години, рансомвер кој ги криптира сите датотеки со податоци на серверот стана еден од најголемите опасности за бизнисите од сите големини. Прилагоденото следење на однесувањето го спречува рансомвер пред да може да ги шифрира вашите скапоцени податоци.

Испраќа известувања по е-пошта

Добивајте инстант известувања секогаш кога ќе се откријат малициозни датотеки за да се овозможи моментален одговор и понатамошна истрага.

Работете без најава на корисникот

Емсисофт решението против малициозен софтвер за сервери не зависи од најавен корисник за да ја врши заштитата на Вашите податоци. Чуварот на датотеки започнува да работи одма по подигнувањето на оперативниот систем.

Следење на конектирани уреди за складирање на податоци

Сите нови уреди што се поврзуваат со Вашиот сервер автоматски се следат со заштита во реално време – не е потребна никаква дополнителна акција.

Автоматско ажурирање

Емсисофт решението против малициозен софтвер за сервери е снабдено со нови податоци од потписи на малициозни софтвери најмалку 24 пати на ден, обезбедувајќи најдобра можна заштита.

Зачувајте ги хардверските ресурси на Вашиот сервер

Хардверската моќ на серверот му припаѓа на Вашиот бизнис, а не на вашиот антивирус. Емсисофт решението против малициозен софтвер за сервери бара минимални ресурси од Вашиот хардверските.

Конфигурација која е лесна за разбирање

Вие не треба да бидете експерт за да го користите Емсисофт но тоа не значи дека во него ги нема сите експертски карактеристики.

Сертифицирана заштита

Емсисофт решението против малициозен софтвер има заработено повеќе VB100 награди, повеќекратни MRG-Effitas победи за заштита од напади во нулти ден и постојано се покажува во врвните рангирани конкуренти од сите тековни AV-Comparatives Real World заштити и тестови за откривање на малициозни софтвери.

Погледнете колку е лесен за користење

This slideshow requires JavaScript.

Уникатни предности на Емсисофт

Гаранција за отстранување на малициозен софтвер

Нашите експерти за отстранување на малициозен софтвер ќе Ве упатуваат да го исчистите вашиот систем кога имате потреба.

Гаранција за поврат на пари

Добијте целосен поврат на уплатените средства до 30 дена по купувањето ако не сте задоволни.

Гаранција за технологија

Секогаш ги добивате ги сите нови верзии на софтверот без дополнителни трошоци преку автоматско ажурирање.

Гаранција за перформанси

Посветени на максимална ефикасност и заштита, без забавување на Вашиот систем.

Фокус на Корисникот

Предизвикајте го нашиот првокласен тим за поддршка со било какви прашања околу производот

Бесплатен 30-дневен Пробен Период

Убедете се во квалитетот пред да купите нешто.

Етички бизнис

Ние не ги изневеруваме нашите клиенти и не ги продаваме нивните податоци за брз профит.

Можеби ќе прашате…

  • Може ли да го замени мојот антивирус?
    • Апсолутно. Емсисофт решението против малициозен софтвер е целосно антивирусно решение кое обезбедува заштита од сите видови на закани кои  демнат на интернет.
  • Зошто се нарекува решение против малициозен софтвер, а не анти-вирус?
    • Нашата лабораторија утврди дека класичните вируси сочинуваат помалку од 0,5% од вкупните закани (во 2016 година). Според тоа, користењето на „антивирус“ би било погрешно по дефиниција. Заради тоа избравме да го користиме поширокиот термин „решение против малициозен софтвер“, бидејќи ги опфаќа сите видови на онлајн закани.
  • Дали Емсисофт решението против малициозен софтвер заштитува од рансомвер?
    • Дефинитивно. Заштитата на 4 нивоа на Емсисофт вклучува посебна компонента за отстранување рансомвер која го следи однесувањето на постоечките и сосема нови закани и ги запира пред да можат да ги шифрираат Вашите датотеки.
  • Каде можам да добијам одговори на моите прашања.
  • Ве молиме контактирајте со нас преку еден од нашите канали за поддршка:

Преземете сега

Купете сега

Зачленете се за да го добивате нашиот њузлетер: