Емсисофт решение против малициозен софтвер за бизниси

Целосна фунционална заштита за Вашиот компјутер

Преземете сега

Купете сега

32 bit MSI

64 bit MSI

Комбинирано EXE

 

Заборавете на вирусите – денешните закани доаѓаат во нови форми и се нарекуваат малициозен софтвер

Затоа ние мислиме дека „решение против малициозен софтвер“ е посоодветен термин, дури и ако е ист со она што е честопати познато како „антивирус“.

Рансомвер

Закана на годината уште од 2012-та. Напаѓачите влегуваат во Вашиот компјутер преку софтвер кој не е навремено ажуриран (надграден) и ги шифрираат сите Ваши датотеки. Можете ли да си дозволите на пример да платите откуп од 600 долари за да ги вратите Вашите податоци?

Ботови / бекдор пристап

Тие го претвораат Вашиот компјутер во далечински контролиран зомби. Вашата компјутерска моќ колективно се продава на црниот пазар за праќање спем е-пошта, да нападне компјутери или мрежи што претставува кривично дело,  да  складираат нелегални содржини на Вашиот компјутер или да се користи Вашата процесорска моќ за рударење криптовалути кои одат во сопственост на напаѓачот

Банкарски тројанци

Хакерите користат фишинг (phishing) техники и снимачи на тастатура (keyloggers) за да ги добијат највредните лозинки и невидливо да ги празнат Вашите банкарски или PayPal-сметки за неколку секунди.

ПНП

Потенцијално несакани програми (PUPs) кои преку бескорисни алатници за прелистувачи, реклами и останат софтверски отпад придонесуваат  на успорување на Вашиот компјутер.

Безбедно на интернет: Емсисофт решение против малициозен софтвер

4 докажани заштити за блокирање на онлајн закани на сите нивоа

2 во 1: двоен скенер со високи перформанси – Емсисофт

Како скенира побрзо со два скенери отколку повеќето други со само еден?

Решението против малициозен софтвер на Емсисофт со користење на целокупната моќ на две главни технологии за антивирус и решение против малициозен софтвер, не само што открива повеќе, туку исто така врши скенирање побрзо поради ефикасната комбинација на скенери.

Се избегнуваат било какви непотребни дупликати при откривање, што овозможува најмалку влијание врз меморијата и целокупните хардверски ресурси.

Погледнете детали за технологијата

Погледнете ги деталите за технологијата

Го спречува рансомверот. Пред да ги шифрира Вашите податоци

Заштитата на Емсисофт анти-рансомвер е прилагодена да ги детектира шемите на однесување на нападите на рансомверот со цел да ги спречи пред Вашите податоци да бидат шифрирани (енкриптирани). Останатите анти-рансомвер решенија се базираат на детекција на повторувачка енкрипција така што многу лесно може да се случи додека се открие енкрипцијата, Вашите најдрагоцени податоци веќе да бидат изгубени.

Ги уништува досадни реклами (Adware) – една по една

Во онлајн заштитата, „ПНП“ (PUP) претставува „Потенцијално несакана програма“. Овие елементи се појавуваат како непотребни алатници за прелистувач, реклами (adware) и друг досаден и непотребен софтвер кој обично се инсталира со бесплатни преземања.

Повеќе за ПНП

Водечки во конкуренцијата со постојано освојување награди!

Број на компромитирани системи во сите тестови за заштита во Светот (6363 тест случаи) спроведени од AV-Comparatives (2014).

Погледнете ги сите награди

Богат со функции а не оптеретува ресурси на компјутерот

Накусо, што може Емсисофт решението против малициозен софтев да направи за Вашиот бизнис?

Спречува инфекции

Чуварот на датотеките (file guard), ги скенира сите датотеки што се вчитани или се извршуваат на Вашата работна станица. Тој користи милиони потписи на познати закани и е награден многу пати од страна на реномирани организации за антивирусни тестирање.

Блокира пристап до малициозни и измамнички веб-сајтови

Заштитата при сурфање, спречува пристап до фишинг сајтови и прикажува известувања кога ќе преземете малициозен софтвер од опасна веб страница. Заштитата при сурфање работи со сите прелистувачи, со сите програми.

Спречете индустриско шпионирање со блокатор на однесување

Прилагодливи тројанци дизајнирани за индивидуални напади често се користат за пенетрација во компании и обично не можат да бидат детектирани и откриени од класичен антивирусен софтвер. Технологијата за блокирање на Емсисофт е ефикасна мерка против таквите закани.

Заштита од рансомвер

Вградениот систем за препознавање на сомнително однесување го спречува рансомверот пред тој да изврши енкрипција на било кој податок. Декрипцијата на податоците ретко е возможна, така што клучната заштита е да се спречи инфекцијата од него.

Онлајн банкарска заштита

Вклучениот блокатор на однесување е специјализиран за откривање на однесување кое е типично за интернет банкарските тројанци, како што е Зевс.

Скенирање и чистење на инфекции

Двојниот скенер ги наоѓа и ги отстранува сите видови на малициозни програми. Тоа е целосен антивирусен пакет + специјализирани програми за чистење на малициозни програми за особено опасни варијанти.

Пронаоѓа адаптирани руткитови

Директниот пристап до дискот открива руткитови што се кријат во секторите за бутирање на оперативниот систем со цел да им обезбедат таен пристап на напаѓачите.

Отстранување на потенцијално непосакувани програми (ПНП)

Многу бесплатни програми инсталираат несакан софтвер, како што се алатници за прелистувачите кои го менуваат Вашиот пребарувач и почетната страница. Други додаваат несакано рекламирање додека сурфате. Емсисофт решението против малициозен софтвер  се специјализира во изнаоѓање и отстранување на таквите ПНП (PUP) безбедно и ефикасно.

Скенирање преку командна линија

Емсисофт скенерот за командна линија е познат како еден од најсофистицираните и најфлексибилни интерфејси на командната линија, обезбедувајќи врвни перформанси со чести скенирања.

Управување со кориснички привилегии

Ограничете пристап до поставките за заштита за корисници кои не се администратори со напредниот систем за дозволи поврзани со Active Directory. Може да се постави глобална администраторска лозинка.

Испраќање на известувања преку е-пошта

Добивајте инстант известување секогаш кога ќе се откријат малициозни датотеки, со цел да се овозможи моментална реакција и понатамошна истрага.

Следење на поврзаните уреди за складирање.

Сите нови уреди што се поврзани со вашата работна станица автоматски се покриваат со заштита во реално време – Не е потребна никаква дополнителна акција.

Автоматско ажурирање

Емсисофт решението против малициозен софтвер добива со нови потписи на малициозни софтвери најмалку 24 пати на ден, обезбедувајќи најдобра можна заштита.

Заштедете ги Вашите хардверски ресурси

Моќта на Вашата работна станица му припаѓа на Вашиот бизнис, а не на вашиот антивирус. Emsisoft – решение против малициозен софтвер му се потребни многу малку од ресурсите на Вашиот компјутер.

Конфигурација које е лесна за разбирање

Вие не треба да бидете експерт за го користите Емсисофт,  но тоа секако не значи дека нема да најдете многу  експертски опции.

Сертифицирана заштита

Емсисофт решението против малициозен софтвер има добиено повеќе VB100 награди, повеќе AV-Test сертификати и постојано се рангира во врвот по ефикасност за сите тековни антивирусни решенија во светот.

Далечинско управување со Емсисофт решение против малициозен софтвер

Emsisoft Конзола за претпријатија

АВ партнер на Syncro MSP

Ексклузивен АВ партнер на Kabuto

OPSWAT Златен Сертификат

Погледнете колку е лесен за користење

This slideshow requires JavaScript.

Уникатни предности на Емсисофт

Гарантирано отстранување на малициозен софтвер

Нашите експерти за отстранување на малициозен софтвер ќе Ве упатуваат да го исчистите Вашиот систем ако е потребно.

Гарантирано враќаме пари

Ќе добиете поврат на уплатените средства во целост до 30 дена по купувањето ако не сте задоволни, без поставување на било кави прашања.

Технолошка гаранција

Секогаш ги добивате сите нови верзии на софтверот без дополнителни трошоци преку автоматско ажурирање.

Гаранција за неуспорување

Посветени на максимална ефикасност и заштита, без забавување.

Фокус на корисникот

Предизвикајте го нашиот првокласен тим за поддршка со било какви прашања околу производот.

Бесплатен 30-дневен пробен период

Убедете се во квалитетот пред да го купите производот..

Етички бизнис

Ние не ги изневеруваме нашите клиенти и не ги продаваме нивните податоци за брз профит.

 

 

Би можеле да прашате…

  • Може ли да го замени мојот антивирус?
    • Апсолутно. Емсисофт решението против малициозен софтвер е целосно антивирусно решение кое обезбедува заштита од сите видови на закани кои  демнат на интернет.
  • Зошто се нарекува решение против малициозен софтвер, а не антивирус?
    • Нашата лабораторија утврди дека класичните вируси сочинуваат помалку од 0,5% од вкупните закани (во 2016 година). Според тоа, користењето на „антивирус“ би било погрешно по дефиниција. Ние сме перфекционисти, па избравме да го користиме посепофатниот термин „решение против малициозен софтвер“ бидејќи Ве брани од сите видови на онлајн закани.
  • Дали Емсисофт решението против малициозен софтвер заштитува од рансомвер?
    • Дефинитивно. Заштитата на 4 нивоа на Емсисофт вклучува посебна компонента за детекција на рансомвер која го следи однесувањето на постоечките и претходно непознати закани на рансомвер и ги запира пред да можат да ги шифрираат Вашите датотеки.
  • Кои се системските барања?
    • Во основа поддржан е секој компјутер кој може да работи на Windows 7, 8 или 10. Сите функции се достапни на x86 и x64 системите. При тоа, осигурајте се дека секогаш ги имате инсталирано најновите сервис пакови и безбедносни надградби.
  • Дали ги заштитува и Windows серверите?
  • Каде можам да добијам одговори на моите прашања?
    • Ве молиме контактирајте нѐ преку еден од нашите канали за поддршка:

Преземете сега

Купете сега

 

Зачленете се за да го добивате нашиот њузлетер: