Емсисофт бизнис конзола и cloud конзола
Заштита од малициозниот софтвер во Вашата мрежа за 3-500 клиенти
Софтверот за заштита на крајната точка (endpoint security) е брз и лесен за инсталација и обезбедува едноставен графички интерфејс кој им овозможува на корисниците да ги вршат секојдневните задачи. Конзолата има многу чист модерен дизајн и забележуваме дека командите се пренесуваат од конзолата на клиентите само за неколку секунди.
AV-Comparatives
ПРОЧИТАЈТЕ ГО ИЗВЕШТАЈОТ
Лесна интеграција во Вашата Windows мрежа
Предности на централизирано управување со решението против малициозен софтвер
- Надгледување на наодите за малициозен софтвер низ мрежата од централно место.
- Спроведете заштита без потреба физички да се пристапи до секоја машина поединечно.
- Управувајте со поставките на софтверот и корисничките дозволи во групи.
- Најдете ги и разрешете ги сите прашања поврзани со заштита поврзани со клиентот
- Заштедете интернет сообраќај за ажурирање и преземање со централизиран прокси кеш.
- Креирајте извештаи за безбедносниот статус за администраторите и менаџментот.
- Добивајте известувања преку е-пошта и вебхук-ови (во реално време и сумарно)
Далечинско инсталирање на Емсисофт – решение против малициозен софтвер
1. Лоцирајте незаштитени клиенти во Вашата мрежа со леснотија.
|
2. Далечинско инсталирање на заштитата на крајната точка со еден клик.
|
- Работи со и без Active Directory.
- NAT поддршка: Користење на инсталациски пакети за да се поврзете и од страната на клиентот
Поставки за заштита и политики на дозволи за корисници
- Организирајте ги Вашите клиентски компјутери во хиерархиски групи за поставки, т.е. одделенија.
- Променете ги поставките, т.е. автоматско управување со заканите за редовни корисници, повеќе детали за технолошки одделенија.
- Поставете закажани скенови во периодите на мирување по работа.
- Бела листа за специјално изработен софтвер и додавање на специфични папки, ако е потребно.
- Дефинирајте ги корисничките групи на кои им е дозволено да модификуваат специфични поставки за заштита, т.е. на неискусните корисници не треба да им биде дозволено да се имаат пристап до поставувањата или да имаат опција да ја оневозможат заштитата.
Напредни извештаи по барање
Поширокиот збир на однапред дефинирани извештаи Ви овозможуваат брзо да видите што се случува во Вашата мрежа, како на пример, неодамнешните наоди на малициозен софтвер, блокирани барања на веб-страници и сомнителни софтверски однесувања. Може да се конфигурираат голем број достапни податоци за да се направат сопствени прилагодени извештаи во различни стилови на графикони врз основа на барањата на Вашата организација.
Зошто Емсисофт бизнис конзола?
Штеди ВремеНема потреба од далечинско поврзување или уште полошо, да одите до секоја машина за да ја одржувате заштитата. |
Бесплатна е!Емсисофт бизнис конзолата не се плаќа, но ќе Ви требаат лиценци за Емсисофт – решение против малициозен софтвер на Вашите клиентски компјутери. |
||
Штеди париСекоја надградба на софтверот се презема само еднаш од Интернет, дури и ако имате 100+ клиенти. |
Технолошка гаранцијаСекогаш ги добивате сите нови верзии на софтвер преку автоматско ажурирање. |
||
Лесна за користењеНе е важно дали имате 3 или повеќе од 100 клиентски компјутери. Лесно е да започнете. |
Фокусирана на КорисникотПредизвикајте го нашиот првокласен тим за поддршка со било какви прашања околу производот. |
||
Гаранција за перформансиПосветени на максимална ефикасност и заштита, без забавување на Вашите машини. |
Етички бизнисНие не ги шпионираме нашите клиенти и не ги продаваме нивните податоци за брза заработка. |
Погледнете колку е лесен за користење
Би можеле да прашате…
- На кои јазици е достапен софтверот?
- Емсисофт бизнис конзолата во моментов е достапен само на англиски јазик.
- Дали го заштитува мојот сервер?
- Не, Емсисофт бизнис конзолата е алатка за управување со Емсисофт решението против малициозен софтвер на Вашите машини (клиенти и сервери), вклучувајќи ја и вашата хост машина. Емсисофт – решение против малициозен софтвер за сервери се грижи за заштита.
- Може ли да управувам со клиенти надвор од мојата локална мрежа?
- Да, дури и ако Emsisoft бизнис конзолата не може директно да пристапи до компјутерот, можете да ја поврзете на Вашиот клиент (кој може да биде позади NAT) со серверот кој користи посебен инсталациски пакет. Погледнете ја датотеката за помош за детали.
- Дали е поддржано скриптирање?
- Да, Емсисофт бизнис конзолата исто така доаѓа со интерфејс на командна линија кој може да се користи за да се автоматизираат инсталациските пакети за да додадете нови компјутери кон конзолата.
- Кои видови на мрежи се поддржани?
- Емсисофт бизнис конзолата може да се инсталира на Windows Server 2008 или понова верзија, но исто така и на Windows 7 или понова верзија. Поддржан е Active Directory. Изграден е за управување со мрежи од 3 до 500 клиенти.
- Дали е потребна претходно инсталирана база на податоци?
- Не, Емсисофт бизнис конзолата доаѓа со своја база SQLite.
- Каде можам да добијам одговори за сите други прашања?
- Ве молиме контактирајте со нас преку:
- Email: [email protected]
- Контакт: Линк
- Ве молиме контактирајте со нас преку:
Иако конзолата е бесплатна, неопходно е да купите лиценци за работни станици и сервери за да може да ја користите.
Емсисофт Cloud конзола
-
Штеди време
-
Штеди пари
-
Реагира побрзо
Превземете ја Веднаш!
-
За да добиете право на тест период од 30 дена, доволна е само едноставна регистрација на Емсисофт порталот!