Емсисофт професионален кит за прва помош
Специјално направен за скенирање и чистење на туѓи компјутери во ИТ хелпдеск одделенија и сервиси
Клучни факти
ако има зараза, Емсисофт ќе ја пронајде
Откривање на малициозен софтверЈа нуди комплетната технологија на двоен скенер наЕмсисофт – решение против малициозен софтвер, со преку 10 милиони потписи за сите видови на онлајн закани. |
Добитник на наградиДобитник на награди за двоен скенер за чистење на инфекции |
Пренослив100% пренослив – идеален за USB стикови |
|||
АжурирањаUSB стикот прави самостојно ажурирање со само еден клик. Сите софтверски ажурирања се вклучени за една година. |
ОтстранувањеПреку карантин или отстранување на откриени објекти со зачувување на лог датотеки. |
СигуренДокажана технологија која веќе исчисти милиони инфекции во последните 3 години. |
|||
ГарантираноПрилагодено отстранување на малициозен софтвер кој помага за отстранување на тешките инфекции. |
ДостапенИдеален за мали фирми, за фирми за поправки на компјутери и служби за помош на големите компании. |
Бонусвклучена целосна верзија на Emsisoft -решение против малициозен софтвер! |
Како работи
Професионалниот кит за прва помош на Емсисофт содржи колекција на програми кои може да се користат без инсталација и кои служат за скенирање на малициозен софтвер и чистење на инфицирани компјутери: скенер во професионален кит за прва помош и скенерод командната линија.
Емсисофт скенер во професионален кит за прва помош
Овој скенер вклучува моќен систем против малициозен софтвер, комплетиран со графички кориснички интерфејс. Скенирајте го заразениот компјутер од вируси, тројанци, шпионски софтвер, адвер, црви, бирачи, снимачи на тастатура и други малициозни програми.
Емсисофт скенер за командна линија
Овој скенер ја содржи истата функционалност како и скенерот од професионалниот кит за итни случаи, но без графички кориснички интерфејс. Алатката за командната линија е направена за професионални корисници и е совршена за автоматизација на операции на повеќе компјутери.
За да го стартувате Емсисофт скенерот на командната линија, направете ги следниве постапки:
- Отворете прозорец за командна линија (Стартувај: cmd.exe)
- Префрлете се на уредот на USB Stick (на пример: f :), а потоа во папката на извршните датотеки (на пр.: cd run)
- Стартувајте го скенерот со внесување: a2cmd.exe
Следно ќе видите страница за помош која ги опишува сите достапни параметри.
Следната команда е пример за скенирање на дискот c:\ со овозможено скенирање на меморија, траги (регистар) и активна архива. Откриените малициозни објекти се преместуваат во карантин.
a2cmd.exe /f="c:\" /m /t /a /q="c:\quarantine\"
Погледнете колку е лесен за користење
Ние сме горди на овие резултати од тестирањата!
CNET – 5 од 5 ѕвездиВо вистински раце, Емсисофт професионалниот кит за прва помош може да понуди моќни алатки за да се носи со широк спектар на проблеми со компјутерот. |
PC Mag препорачуваАко сте човек од доверба во семејството, работното место или соседството, земете копија од Емсисофт професионалниот кит за прва помош на Вашиот УСБ-уред и чувајте го со Вас. |
||
Komputer Swiat – Избор на УредникотОваа програма е многу едноставна и лесна за користење! Го препорачуваме на секого! |
Download.com ранг “Одличен”Емсисофт професионалниот кит за прва помош треба да се користи како алатка за секој пренослив компјутер |
Емсисофт професионален кит за прва помош – Ако има зараза, ќе ја пронајде.
Контакт: Линк
Системски барања
Windows 7, 8, 10 или Windows Server 2008, 2012. Неопходно е да бидат инсталирани последните сервис пакови. Сите функциоалности се потполно достапни на x86 и x64 системите. Минимум од 1GB RAM за оптимални перформанси.