Емсисофт решение против малициозен софтвер

Целосна фунционална заштита за Вашиот компјутер

Преземете сега

Купете сега

 

Заборавете на вирусите – Денешните закани доаѓаат во нови форми и се нарекуваат малициозен софтвер

Затоа ние мислиме дека „малициозен софтвер“ е посоодветен термин, дури и ако е ист со она што е честопати познато како „Антивирус“.

Рансомвер

Закана на годината уште од 2012-та. Напаѓачите влегуваат во Вашиот компјутер преку софтвер кој не е навремено ажуриран (надграден) и ги шифрираат сите Ваши датотеки. Можете ли да си дозволите на пример да платите откуп од 600 долари за да ги вратите Вашите податоци?

Ботови / бекдор пристап

Тие го претвораат Вашиот компјутер во далечински контролиран зомби. Вашата компјутерска моќ колективно се продава на црниот пазар за праќање на спем е-пошта, за напад на компјутери или мрежи што претставува кривично дело, на Вашиот компјутер да  складираат нелегални содржини или да се користи Вашата процесорска моќ за рударење криптовалути кои одат во сопственост на напаѓачот.

Банкарски тројанци

Хакерите користат фишинг (phishing) техники и снимачи на тастатура (keyloggers) за да ги добијат највредните лозинки и неприметно да ги празнат Вашите банкарски или PayPal-сметки за неколку секунди.

ПНП

Потенцијално несакани програми (PUPs) кои преку бескорисни алатници за прелистувачи, тони реклами и останат софтверски отпад придонесуваат за успорување на Вашиот компјутер.

Ве одржува безбедно на интернет: Емсисофт решение против малициозен софтвер

4 докажани заштити за блокирање на онлајн закани на сите нивоа

2 во 1: двоен скенер со високи перформанси – Емсисофт

Како скенира побрзо со два скенери отколку повеќето други со само еден?

Емсисофт решението против малициозен софтвер поради искористување на целокупната моќ на две главни технологии за антивирус и против малициозен софтвер, не само што открива повеќе, туку исто така врши скенирање побрзо поради ефикасната комбинација на скенери.

Се избегнуваат било какви непотребни дупликати при откривање, што овозможува најмалку влијание врз меморијата и целокупните хардверски ресурси.

Погледнете ги деталите за технологијата

Го спречува рансомверот. Пред да ги шифрира Вашите податоци

Заштитата на Емсисофт анти-рансомвер е прилагодена да ги детектира шемите на однесување карактеристични за нападите на рансомверот со цел да ги спречи пред Вашите податоци да бидат енкриптирани (шифрирани). Останатите анти-рансомвер решенија се засноваат на детекција на повторувачка енкрипција така што може да се случи додека се открие енкрипцијата, Вашите најдрагоцени податоци веќе да бидат изгубени.

Ги уништува досадни реклами (адвер) – еден по еден

Во интернет заштитата, „ПНП“ (PUP) претставува „Потенцијално несакана програма“. Тие се појавуваат како непотребни алатници за прелистувач, реклами (adware) и друг досаден и непотребен софтвер кој обично се инсталира со бесплатни преземања.

Повеќе за ПНП

Водечки во конкуренцијата со континуирано освојување награди!

Број на компромитирани системи низ сите тестови за заштита од реалниот свет (6363 тест сценарија) спроведени од AV-Comparatives (2014).

Погледнете ги сите награди

Погледнете колку е едноставно за користење

This slideshow requires JavaScript.

Уникатни предности на Емсисофт

Гаранција за отстранување на малициозен софтвер

Нашите експерти ќе Ви помогнат да успеете во отстранувањето на малициозниот софтвер.

Гаранција за повраток на парите

Доколку не сте задоволни од производот, добивате комплетен повраток на уплатените средства во рок од 30 дена по купувањето.

Технолошка гаранција

Секогаш автоматски ги добивате новите верзии без дополнителен трошок за апдејти,

Гарантирано без успорување

Посветени на максимална ефикасност и заштита без непотребно успорување.

Фокус кон крајните корисници

Предизвикајте го нашиот првокласен тим за поддршка со било какви прашања за производот.

Бесплатен 30 дневен период за проба без обврски

Убедете се себеси во квалтетот пред да го купите производот.

Етички бизнис

Не ги изневеруваме нашите клиенти со продавање на нивните податоци за брз профит.

 

 

Можеби ќе прашате…

  • Може ли да го замени мојот антивирус?
    • Апсолутно, Емсисофт решението против малициозен софтвер е комплетно антивирусно решение кое овозможува комплетна заштита против сите видови на закани кои демнат на интернет.
  • Зошто се вика решение против малициозен софтвер а не антивирус?
    • Нашата лабораторија процени дека во 2016 година класичните вируси претставувале само 0.5% од заканите. Користењето на зборот антивирус би било погрешно по дефиниција. Ние одлучивме да го користиме поширокиот термин „малициозен софтвер“ бидејќи ги опфаќа сите видови на онлајн закани.
  • Дали решението против малициозен софтвер на Емсисофт штити од рансомвер?
    • Секако. Четирислојната заштита на Емсисофт вклучува и специјализирана компонента за детекција на рансомвер – како постоечки така и нови недокументирани закани и ги запира пред да ги енкриптираат Вашите податоци.
  • Кои се системските побарувања?
    • Во основа било кој компјутер со Windows 7, 8 или 10. Сите функционалности работат на двете постоечки архитектури (x86 и x64). Осигурајте се дека ги имате инсталирано најновите сервис пакови и безбедносни апдејти.
  • Дали може да ги заштитува и серверите кои работат на Windows?
  • Каде може да добијам одговори на било кое од моите прашања?

Преземете сега

Купете сега

 

Зачленете се за да го добивате нашиот њузлетер: