Емсисофт мобилна безбедност

Најдобра заштита за Вашиот Андроид уред

Купете сега

Мобилните уреди се алатки што ги користиме за организирање на нашиот мобилен живот

Поврзан…

Тие можат да се репрограмираат да дејствуваат исто како заразениот компјутер. Тие се различни од компјутерите… Мобилните уреди се интимно поврзани со речиси сè што правиме секојдневно.

Забавен…

Мобилните уреди нè следат: ги чуваме во нашите џебови и нашите чанти. Тие нè водат, нè забавуваат и поврзуваат – без разлика каде сме или со кои сме.

Безбеден

Емсисофт мобилната безбедност е дизајнирана да ја заштити Вашата приватност од сите опасности што демнат на интернет.

Уникатни предности на Емсисофт

This slideshow requires JavaScript.

Емсисофт мобилната безбедност е нашата примарна одбрана во светот на мобилниот малициозен софтвер. Апликацијата ја претставува следна генерација на безбедносни решенија за Андроид уредите без влијание на системот или батеријата на уредот. Во исто време обезбедуваме пристап на голем број на безбедносни функции со цел да Ви помогнеме да имате побезбедно Андроид искуство.

Заштитете го Вашиот Андроид паметен телефон и таблет од опасности што демнат на Интернет

Вклучени карактеристики:

  • Ги скенира сите зачувани датотеки и бара малициозни инфекции
  • Заштита во реално време што ги блокира злонамерните апликации како што пристигнуваат
  • Заштита при сурфање која го блокира пристапот до опасни веб-страници
  • Систем против кражба далечински го заклучува или го брише уредот кога е украден или изгубен
  • Проценка на приватност за инсталирани апликации

Зошто создадовме Емсисофт мобилна безбедност

 

Прашање:

22% од светското население поседува паметен телефон или мобилен уред. 20% поседува компјутер. Ако сте создале малициозен софтвер и сакате да заразите колку што е можно повеќе луѓе, која платформа би ја одбрале?

Одговор:

Додека дополнителни 2% може да не звучи како многу но тоа всушност може да Ви даде пристап до дополнителни 140 милиони уреди. Понатаму, докажано е дека со измамата со СМС пораките генерира околу $10 од инфекција инстантно. Тоа се потенцијални 1.4 милијарди долари дополнителен приход.

SMS пораките со тројанци сочинуваат 73% од сите мобилни напади. Овие напади се кријат зад навидум легитимните апликации, кои потоа го поврзуваат Вашиот уред со скапата претплата за SMS пораки во сопственост на напаѓачот. Вашиот уред е киднапиран, програмиран да испраќа пораки до телефонски број со повисока стапка и да генерира високи сметки. Мобилните руткитови ја снимаат тастатурата за да украдат кориснички имиња и лозинки, а потоа да ги споделуваат Вашите лични информации со далечински сервер. Руткитовите исто така може да се најават и да ја споделат Вашата моментална локација и да ги надгледуваат Вашите телефонски повици и пораки. Мобилните Ботнети можат да контролираат илјадници уреди одеднаш за злонамерни цели. Запомнете: повеќе луѓе поседуваат мобилни уреди отколку лични компјутери. Речиси 1/3 од бесплатните мобилни апликации имаат дозвола да ја следат Вашата локација, злонамерно или не.

Купете сега

Контакт:  Линк

Зачленете се за да го добивате нашиот њузлетер: