Оваа Политика за за заштита на лични податоци опишува како Фактори Системи ДООЕЛ ги прибира, користи, ги споделува податоците и каков избор имате Вие во врска со информациите кои се чуваат.
Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност.
Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколу не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт.
ИЗМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци за да ги содржи нашите нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот. Можете да видите кога оваа Политика за заштита на лични податоци била последен пат променета според датумот објавен погоре во “Последно обновено”.
Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.
Прибирање на лични податоци
Собирањето на личните податоци се врши во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија.
Ние вршиме собирање на личните податоци само доколку се регистрирате како Купувач на нашата веб страна и ги прибираме само оние информации кои ни се доставени од Ваша страна.
Информации кои ги собираме
Во информациите кои ги собираме спаѓаат: име и презиме, е-маил адреса, адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт.
Ние не собираме никакви информации од финансиска природа како број на картичка и/или број на банкарска сметка.
Вашата трансакција ќе биде процесуирана преку системот за наплата од кредитни картички CaSys. Системот користи најнова технологија за заштита на личните податоци и притоа овозможува испраќање на бројот на вашата картичка директно до банката преку сигурна конекција.
Користење на личните податоци
Ние ги користиме вашите лични податоци во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија.
Ние ќе ги користиме вашите лични податоци единствено за да ви овозможиме пристап до www.factory.mk, за да се исполни и процесира вашата нарачка, за да ве информираме за нови производи и услуги кои ги нудиме и за наши маркетиншки цели.
Ние нема да ги објавиме, продаваме или правиме достапни на трета страна вашите лични податоци освен на надлежните државни органи на начин и во обем определен со позитивните законски прописи на Република Македонија.
Чување на личните податоци
Вашите лични податоци ќе бидат чувани не подолго од што е потребно за да се исполнат целите поради кои податоците се собрани, по што истите ќе бидат избришани од нашиот систем.
Cookies
Оваа веб страница може да употребува cookies. Cookies се мали датотеки кои се користат за прибирање на информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на Нашата веб страна со што се овозможува брз пристап. Преку Cookies не се прибираат лични податоци.
Малолетни лица
Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со лични податоци.
Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители илис таратели.
Ние нема намерно да прибираме или користиме лични податоци од малолетни лица.
Сигурност
Ние ги превземаме сите потребни мерки за заштита на вашите лични податоци со што ги минимизираме ризиците од спречување неовластен пристап и злоупотреба.
Оваа Политика на заштита на приватност стапува на Сила од Септември 2013 година кога и официјално започна со работа www.factory.mk.
Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на веб страната наwww.factory.mk,најмалку 30 дена пред да стапат во сила.
За сите прашања во врска со оваа Политика за заштита на лични податоци можете да се обратите на www.factory.mk, преку оставениот контакт или преку телефонската линија за подршка.